Социолози: Подобра стручна екипираност во воспитно- образовните институции
На воспитно- образовните институции им е потребна подобра стручна екипираност за да може да се зголеми процентот на ресоцијализација на штитениците, сметаат социолозите по обелоденувањето на случајот со злоставување на еден штитеник во Домот во Велес...

Да се подобрат социо- психолошките служби во Воспитно поправниот домови, за во нив да не се случуваат дивијантни појави, сметаат социолозите по информацијата дека четворица штитеници во воспитно-образовниот дом во Велес зластавувале друг штитеник. Несватливо е, вели социологот Љубе Лучков, во институција каде што тие издржуваат казни, да бидат сторители на ново кривично дело.
„Педагошко психолошката служба треба да дојде до израз, треба да се најдат стручни, компетентни луѓе кои ќе одговорат на тие одговорни задачи и да бидат застапени сите струки во ваквите поправни домови“, смета социологот Љубе Лучков.
Според информациите до кои дојде МРТ, злоставувањето на момчето се случило во мај, но настанот во полиција бил пријавен дури во јуни. Од СВР Велес ја потврдуваат информацијата упатувајки не за повеќе информации во Јавното обвинителство. Од таму засега молк исто како што нема никакви информации за јавноста и од Воспитно поправниот дом.
Според Лучков, ваквиот затворен однос на институциијата е доказ дека се неопходни организациски промени, укажувајќи на статистиката според која голем процент од лицата кои издржувале казна, по излегување на слобода, го повторувале делото.
„Процентот на ресоцијализација многу тешко оди, па дури има личности кои кога ќе иизлезат, го повторуваат истото кривично дело, ако не и оди во пораст“, нагласува Лучков.
Во Воспитно поправниот дом во Велес, на издржување казна се малолетни лица кои се осудени за сторено кривично дело, најчесто за тешки кражби.
Дијана Иванова
