МНР: Солидарност со народот на Венецуела
Оддаваме почит на храброста и посветеноста на спасувачките тимови кои неуморно работат за да спасат животи и да донесат надеж во овие тешки часови, се вели во пораката од македонското МНР.

По стравотните земјотреси во Венецуела, се огласи и македонското МНР.
„Длабоко сме шокирани и натажени од разорните вести кои доаѓаат од Венецуела. Нашето најискрено сочувство е со семејствата на жртвите, а нашите мисли се со сите повредени, раселени и погодени од оваа трагедија. Оддаваме почит на храброста и посветеноста на спасувачките тимови кои неуморно работат за да спасат животи и да донесат надеж во овие тешки часови. Македонскиот народ стои во солидарност со народот на Венецуела“, се вели во пораката од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.
