Македонија

Тензии на рочиштето за трагедијата во „Пулс“

25.06.2026 16:33

Обвинителството тврди – кабарето „Пулс“ добило лиценца иако не усполнувало минимум услови. Одбраната на обвинетите побара изземање на обвинителката, семејствата на жртвите револтирани излегоа од судницата.

Тензично во судницата во Идризово. Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во знак на револт ја напуштија откако одбраната на обвинетите побараа изземање на обвинителката Наташа Сарамандова. Жестоки дуели имаше во судницата како реакција на нејзиното детално објаснување на околностите на кои се поднесени доказите, за тоа кој документ што кажува и што е најбитното во нив. Според адвокатите Сарамандова била пристрасна.

Рочиштето продолжи со изведување на материјални докази од друг јавен обвинител. Според изнесените докази во судницата, само првото барање за лиценца за работа поднесено од газдата, обвинетиот Дејан Јованов, било одбиено од Министерството за економија.

На денешното рочиште беа презентирани лиценци од Министерството за економија за периодот од 2012 до 2024 година.

Ана Јосифоска