Стабилна состојбата на тројцата патници повредени во вчерашната автобуска несреќа

24.09.2014 10:48

Состојбата на тројцата повредени патници во несреќата што вчера се случи во Драчево кога се преврте автобус на ЈСП, а кои беа задржани на скопските клиники, е стабилна. Сеуште нема официјални детали за причините за несреќата во која беа повредени 50-тина патници.

Директорот на ЈСП, Мишо Николов во изјавата за МРТ рече дека возачот возел со 70 километри на час, нешто повеќе над дозволената брзина и дека автобусот имал документација за техничка исправност.

Сепак, последниот збор ќе го имаат надлежните истражни органи.