Здравство

Анализа на ФЗОМ за потрошувачката на лекови

25.06.2026 17:37

Државата одвојува сѐ повеќе пари за лекови. За три години, сумата пораснала за 3 милијарди денари. Само лани издадени 27 милиони рецепти.

Апчињата за дијабетес, болести на желудникот и дијазепамот се топ три терапии кои најмногу ги користат граѓаните, покажа анализата на ФЗОМ. Доминираат кардиоваскуларните лекови за кои во 2025-тата државата потрошила милијарда денари. Жителите на истокот од земјава се тие на кои најмногу им биле препишани рецепти а вкупно биле издадени над 27 милиони. Според директорот Клековски за прв пат забележан е мал пад на употребата на антибиотиците.

Од први јули нови лекови ќе се најдат на позитивната листа, меѓу нив и клексаните. Првиот човек информираше дека минатата недела биле вклучени 10 нови генерики, кои се без доплата со рецепт. Очекувањата на Фондот се дека преку конкуренција на пазарот цената на лековите што се поскапи ќе се намалат, а пациентите ќе добијат поевтина варијанта од истиот лек која ќе можат да ја подигнат без доплата.

И покрај анализата Македонија е меѓу ретките која останува без регистар на лекови, поради како што велат од ФЗОМ отсуството на соработката од некои фармацевтски компани, но очекуваат со најавената дигитализација на сите болнички софтвери конечно да се добијат точни бројки колку лекови користат македонските болници.

 

Викторија Милевска