Собрание

Собранието продолжува со работа на две пленарни седници

26.06.2026 08:44

Собранието денеска треба да ја почне 108-та пленарна седница, по што ќе продолжи со работа на 106-та седница...

Собранието денеска треба да ја почне 108-та пленарна седница, по што ќе продолжи со работа на 106-та седница.

На 108-та седница пратениците ќе одлучуваат за Дополнетиот предлог-закон за парничната постапка, Предлог-законот за високи раководители, Дополнетиот предлог-закон за користење на енергијата од обновливи извори и Дополнетиот предлог-закон за оружјето, сите во второ читање.

На дневен ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, по скратена постапка. Се очекува дневниот ред дополнително да биде проширен со нови точки.

Со продолжението на 106-та седница, пратениците ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за основното образование, Законот за средното образование, Законот за работно ангажирање на лица, Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.

На дневен ред на оваа седница е и Предлог-законот за финансиски лизинг, кој исто така ќе се разгледува по скратена постапка.