Обединети нации

ОН ја запре придружбата на бродови низ Ормускиот теснец

26.06.2026 10:01

Поморска организација на Oбединетите нации ја прекина својата операција за придружба на бродови низ Ормускиот теснец, откако еден товарен брод бил погоден во близина на Оман ...

Mеѓународната поморска организација на Oбединетите нации ја прекина својата операција за придружба на бродови низ Ормускиот теснец, откако еден товарен брод бил погоден во близина на Оман од проектил.

Предходно Техеран ги предупреди бродовите да не ги користат рутите што не ги одобрил. Американскиот претседател Трамп претходно месецов предупреди дека доколку Иран не го почитува договорот за завршување на војната и повторно отворање на теснецот, САД веројатно повторно ќе ја бомбардира земјата.