Тенис

По историскиот пласман, Ѓорческа го чека првиот меч на Вимблдон

26.06.2026 10:08

Ѓорческа денеска ќе го дознае својот противник во првото коло на главниот турнир на Вимбелдон, откако успешно ги мина квалификациите и обезбеди историски пласман.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го дознае својот противник во првото коло на главниот турнир на Вимбелдон, откако успешно ги мина квалификациите и обезбеди историски пласман.

Со тоа, Ѓорческа стана првата македонска тенисерка што ќе настапи во главниот турнир во поединечна конкуренција на Вимблдон. Нејзиниот пласман претставува значаен успех за македонскиот тенис и уште едно големо достигнување во нејзината кариера.

Ждрепката за главниот турнир ќе го одреди нејзиниот прв противник, а настапот на најпрестижниот светски тениски турнир е можност за нов успех на македонската тенисерка.