МВР

Тошковски и Мисалјовски на затворањето на регионалната обука за К9 единиците

26.06.2026 10:41

Тошковски денеска ќе присуствува на свеченото затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, што ќе се одржи во кампот за обука на Министерството за внатрешни работи во Лазарополе.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе присуствува на свеченото затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, што ќе се одржи во кампот за обука на Министерството за внатрешни работи во Лазарополе.

На церемонијата, покрај министерот Тошковски, обраќања ќе имаат и амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал, како и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот ќе го одбележи успешното завршување на регионалната обука наменета за полициските К9 единици.