Музичко-сценски спектакл за 35 години независност на Македонија
За прославата на 35 годишнината од независноста на Македонија, најавен мјузикл во режија на Дејан Пројкоски со над 100 македонски артисти во повеќе градови низ земјава.

Музичко-сценски спектакл на отворено за 35 години независна Македонија. Со повеќе од 100 македонски уметници и музичари на сцената, во над 10 големи градови низ државата, преку мјузикл, режисерот Дејан Пројковски создава една уметничка реалност обединувајќи ги на сцена генерацијата која живеела пред и по независноста.
Церемонијал мајстор на настанот е актерот и музичар Игор Џамбазов. Осврнувајќи се на стиховите од песната „Македонија“ на Анте Поповски, рече дека оваа турнеја е можност да се покаже дека Македонија денес е препознатлива надвор од своите граници.
Проектот ќе ги обедини новите музички имиња и веќе докажаните уметници, со заедничка цел – достоинствено одбележување на денот на независноста.
На сцената низ една уметничка перспектива ќе се изиграат сите важни моменти коишто нè обединуваат и нè прават горди и среќни во последните 35 години. Голем број музичари, пејачи, актери, ќе се обидат да создадат слики од кои еден дел се веќе колективна меморија.
Александра Спировска
