Оперативен план за вработување
Државата отвора можност за неповратна финансиска поддршка на невработени лица, млади, ранливи категории, повратници од странство. Од оперативниот план за вработување, повторно најатрактивна е мерката самовработување. Досегашното искуство покажува успешни бизнис приказни. Дел од компании со еден вработен, достигнале до 20-ина.

Речиси 80 проценти од отпочнатите бизниси преку самовработување се успешни. Започнале со еден вработен а денес достигнуваат и до 20-ина работници, истакна заменик министерот за економија Ристевски промовирајќи го новиот оперативен пан за вработување. Невработените, млади и возрасни лица, ранливи категории, Роми, коишто имаат претприемачка идеја, повторно имаат можност да добијат неповратна финансиска поддршка преку новиот повик на Агенцијата за вработување. Целта е да се намали бројот на невработени. Годинава за прв пат може да учествуваат и повратниците од странство.
„Од двете мерки самовработување и помош за вработување на млади лица лани се реализирани 4.500 нови работни места. Со тоа придонесуваме и за намалување на невработеноста во Македонија. Новитет е што и повратниците од странство може да учествуваат во овие мерки за прв пат. Покрај овие средства може да добијат бонус од 10 отсто. На пример ако лицата до 29 години може да добијат 10.000 евра а овие 11.000 евра да отворат сопствен бизнис-истакна заменик министерот за економија“, изјави Марјан Ристевски.
За мерката самовработување годинава се одвоени 22 милиони евра.
„Државата има одвоено речиси 40 милиони евра повторно да ги стимулира овие категории на граѓани да отвораат сопствен бизнис. Проектот предвидува финансиски средства за поддршка на оваа категорија на луѓе од 7, 10 илјади евра, а доколку се здружуваат од 17 и 20 илјади евра. Минатиот повик беше успешен-истакна градоначалникот на Куманово“, рече Максим Димитриевски.
За повикот досега аплицирале над 2.400 лица, од нив 163 од Куманово. Конкурсот трае до 3-ти јули.
Елена Георгиевска
