Велосипедизам

Две трагедии во еден ден

23.12.2013 16:00

Светот на велосипедизмот во еден ден остана без двајца перспективни возачи .

Швајцарецот Феликс  Баур почина од повредите по сообраќајна несреќа во Шпанија, додека велосипедистот од Доминиканска Република, Еурис Видал беше убиен за време на грабеж.

Според многу проценки 21-годишниот Баур бил еден од најнадежните велосипедисти на денешницата. За новата сезона се подготвувал во Валенсија-Шпанија.  На еден од тренинзите бил удрен од автомобил  кој веднаш го напуштил местото на несреќата, а Баур беспомошен и со сериозни повреди од кои подоцна починал бил пронајден од полицијата.Ќе остане запаметен по одличното осмо место на трката во Берн во минатата сезона. Доминиканецот Видал(26) беше меѓу 300-те најдобри велосипедисти во светот , а покрај во друмскиот бил активен и во велосипедизмот во сала.