Нов закон за органодарителство, граѓаните сами ќе одлучуваат дали ќе бидат донори
Граѓаните сами ќе одлучуваат дали ќе бидат донори. Новиот Закон за органодарителство по брза постапка во Собрание. Министерот Алиу вели, ќе биде пример за другите.

Министерот за здравство прв ќе даде согласност да биде потенцијален донор. Очекува неговиот пример да го следат граѓаните. Но, има промени и при дарување на орган од жив дарител.
Шесте реконструирани операциони сали на хируршките клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“ промовирани пред повеќе од два месеца, ќе профункционираат наредната недела. Според министерот, нивното промовирање во почеток на април како готови, не е маркетинг, туку отчетност и информирање на граѓаните за услугите што се нудат во јавното здравство.
Кога шесте сали ќе почнат да се користат, ќе се направи реконструкција на други четири операциони сали.
Наташа Јанчиќ-Менковски
