Кочани

Денеска нов „Марш на ангелите“

27.06.2026 09:07

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска повторно на протест. Паркот на револуцијата во Кочани во 18:05 часот ќе биде местото од каде што, како што велат, уште еднаш ќе побараат вистина, правда и одговорност за трагедијата.

Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска повторно на протест. Паркот на револуцијата во Кочани во 18:05 ќе биде местото од каде што, како што велат, уште еднаш ќе побараат вистина, правда и одговорност за трагедијата.

Од здружението порачуваат дека, и покрај високите температури, нивната решеност да се борат за правда останува непроменета. Од здружението упатија повик до граѓаните да им се придружат на маршот, истакнувајќи дека секој чекор претставува спомен за загинатите и порака дека нивната борба за правда нема да престане.

На последното судско рочиште родителите револтирани ја напуштија судницата во „Идризово“ откако одбраната побара изземање на обвинителката Наташа Сарамандова за што одлука треба да донесе државниот јавен обвинител Ненад Савески.