Шпанија се откажа од заострување на законот за абортус

24.09.2014 11:27

Шпанија ги повлече плановите за заострување на законот за абортус. Одлуката следи по  повеќемесечните протести на женските групи и опозицијата. Премиерот Маријано Рахој образложи дека не бил постигнат консензус.

Од 2010 година во Шпанија, слично како и во повеќето други земји во Европа, е дозволен абортус до 14-тата недела од бременоста без да се наведат причините за тоа.

Владата сакаше целосно да го укине овој рок и прекинот на бременоста да го прогласи за нелегален.

Министерот за правда Алберто Руиз-Галардон, кој го изработи предлог законот, во меѓувреме најави оставка.