„Безбеден град“ ги намали сообраќајните повреди во Куманово
Намален е бројот на пациенти со сообраќајни повреди во Куманово. Според здравствените работници ова се должи на примената на системот „Безбеден град“, кој придонесува за поголема дисциплина во сообраќајот...

Системот „Безбеден град“ дава резултати. Помал број пациенти со сообраќајни повреди регистрира Ургентниот центар во Куманово. Лекарите со укажувања неопходно е системот да продолжи да се применува. Истиот придонесува за подобра контрола и поголема дисциплина во сообраќајот.
„Кога сообраќајниот трауматизам ќе го намалиме, намалуваме трошоци за лекување, намалуваме трошоци за боледување, намалуваме инвалидитет. Очекувам во претстојниот период кога ќе имаме погуст сообраќај, заради користење на годишни одмори на нашите иселеници, кои се враќаат редовно и значително во тој период се зголемува сообраќајот и се зголемуваше и сообраќајниот траматизам, очекувам дека самиот систем „Сејф сити“ ќе даде резултати“, укажа Стефан Трајановски, ортопедски хирург Општа болница Куманово.
Граѓаните бараат поставување на камери на повеќе локации.
„Има некоја разлика но уште треба да се работи на таа тема“, истакна еден кумановец.
„Уште повеќе треба, се вози ли внимателно сега? Може да се каже да“, дополни друг граѓанин.
„Стравуваат ли граѓаните од казни? Да и маж ми е возач стравува. Кога поминуваме внимателно, не е како порано што беше“, нагласи трет.
Кумановската полиција во мај регистрирала 740 прекршоци преку системот „Безбеден град“. Од нив 700 за брзо возење.
„Од почетокот на 2026 до јуни регистрирани се 129 сообраќајни незгоди и тоа со три загинати лица“, информира СВР Куманово.
Здравствените работници апелираат возачите да избегнуваат управување возила, во период на интензивно сончево зрачење, како и редовно хидрирање.
Намалувањето на течностите предизвикува дехидратација која пак придонесува за намалена концентрација, замаглен вид, вртоглавица.
Елена Георгиевска
