Топло време

Европа под екстремен топлотен бран

27.06.2026 10:47

Топлотниот бран во Европа продолжува да руши рекорди и да предизвикува сериозни последици во повеќе земји...

Топлотниот бран во Европа продолжува да руши рекорди и да предизвикува сериозни последици во повеќе земји.

Во Германија се измерени температури над 41 Целзиусов степен, по што се откажани бројни јавни настани и фестивали. Во Романија, екстремната жештина го отежнува секојдневието и работата на отворено, со штети врз земјоделското производство. Во Холандија е издаден прв црвен аларм за екстремна топлина, додека во Франција се воведуваат ограничувања и делумни забрани на јавни настани поради високите температури.

Експертите предупредуваат дека ваквите топлотни бранови стануваат сè почести и поинтензивни, со зголемен ризик за здравјето на населението низ Европа.