Свет

Блискиот Исток пред нова ескалација на конфликтот

27.06.2026 12:48

Ситуацијата на Блискиот Исток крајно неизвесна, откако нова размена на оган меѓу САД и Иран го раздрма регионот, и покрај дипломатскиот договор. Иран тврди дека погодил американски воени позиции. Американските власти порачаа дека одговорот на насилство ќе биде дочекано со уште поголемо насилство.

Ситуацијата на Блискиот Исток крајно неизвесна, откако нова размена на оган меѓу САД и Иран го раздрма регионот и покрај дипломатскиот договор постигнат минатата недела. Американската војска удари врз ирански воени цели околу Ормускиот теснец како одговор на нападот од Техеран врз трговски брод во близина на Оман, што Трамп го оцени како глупаво кршење на договорот за деескалација.

„Ова е очигледно глупаво кршење на нашиот договор за прекин на огнот. Не ми се допаѓа фактот што нападнаа. Не требаше да го направат тоа“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.

„Неоправданата агресија врз комерцијален брод од страна на иранските сили очигледно го прекрши прекинот на огнот. Опасното однесување на Иран ја поткопа слободата на пловидба“, објави на Централната команда на САД.

Иран возврати, тврди дека погодил американски воени позиции. Ја осуди акцијата на Вашингтон и се закани со помоќен одговор ако агресијата се повтори.

„Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Иран се вели-Ја осудуваме акцијата на САД како јасно кршење на Исламабадскиот Меморандум за разбирање и ќе го браниме суверенитетот, безбедноста и националните интереси на земјата со сета моќ. Нашите одбранбени сили спроведоа напади врз цели поврзани со американските сили како одговор на агресијата. Одговорноста за последиците е кај САД и нивните сојузници“, соопштија од Министерство за надворешни работи на Иран.

Американските власти порачаа дека одговорот на насилство ќе биде дочекано со уште поголемо насилство.

„Иран потпиша договор за прекин на огнот. Ние го почитуваме. Доколку имаат несогласувања околу тоа како се применува Меморандумот за разбирање, можат да се јават на телефон. Но, на насилството ќе се одговори со насилство“, објави американскиот потпретседател, Џеј Д. Венс.

САД и Иран претходно воспоставија комуникациски канал за спречување инциденти откако Техеран предупреди дека безбеден премин ќе биде дозволен само за бродови кои се движат по неговите утврдени рути. Новата ескалација доаѓа во момент кога Израел и Либан потпишаа првичен договор за мир со посредство на САД.

„Веруваме дека ова е првиот чекор на тоа патување кој понекогаш е најтешкиот. Но тоа е оној што го правиме заедно денес. Народот на Израел и Либан заслужува да живее во мир и безбедност, изјави американскиот државен секретар, Марко Рубио,

Сепак, од Тел Авив доаѓаат услови за понатамошна имплементација на договорот.

„Израел ќе остане во безбедносната зона во јужен Либан сè додека Хезболах не биде разоружан и сè додека продолжува да претставува закана за Израел“, истакна израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Хезболах, пак, категорично го отфрла постигнатиот договор, додека на терен остануваат длабоки поделби и ризик од нови судири.

Бојана Крстевски