СДСМ: Две години Тошковски – распад на безбедносниот систем, партизација и заштита на криминалци
Две години на Тошковски во МВР донесоа целосен распад на безбедносниот систем, скандали, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци - реагираат од СДСМ.

Две години на Тошковски во МВР донесоа целосен распад на безбедносниот систем, скандали, партизација на полицијата, неказнивост и заштита на криминалци - реагираат од СДСМ.
Во изминатите две години сведочевме на серија трагедии, убиства, вооружени пресметки, семејно и врсничко насилство, раст на трговијата со дрога и сериозно нарушена безбедност во државата. Особено трагичен белег останува трагедијата во Кочани, во која згаснаа 63 човечки животи пред сè млади, велат од партијата.
Наместо професионален систем, Тошковски создаде партиска полиција во која искусни професионалци се деградираат, а подобни кадри се наградуваат. Граѓаните на Македонија заслужуваат професионална полиција, функционален безбедносен систем и институции во кои законот важи еднакво за сите, стои во реакцијата на СДСМ.
