МВР

Од прв ден презедовме обврска безбедноста да биде највисок приоритет-Тошковски со отчет за сработеното

27.06.2026 15:48

Нема недопирливи, градиме безбеден систем. Од првиот ден ја презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет, а владеењето на правото темел врз кој ќе се гради довербата врз институциите рече министерот Тошковски на отчетот за сработеното

Изминативе две години ги поминавме со посветена работа, конкретни резултати и јасни определби за помодерно и поефикасно министерство за внатрешни работи. Ова го истакна ресорниот министер Панче Тошковски, во рамките на отчетот за сработеното на Министерството за внатрешни работи во последните две години.

Министерот Тошковски информира дека приоритет во последните две години беше и останува безбедноста на граѓаните, а владеењето на правото, основата за довербата во институциите. Никој не е над законот, порача Тошковски.

Во последниве две години, сузбиени се повеќе десетици криминални групи од областа на организираниот криминал, коруптивното делување и недозволената трговија со дрога и оружје, а Македонија бележи намалување на вкупниот криминалитет, информира Тошковски.

Како проект од големо значење, Тошковски го издвои системот „Безбеден град“ кој, како што рече, ги исполнува очекувањата и ги дава посакуваните резултати за безбедноста на граѓаните.

Министерот се осврна и на направените реформи, дигитализацијата на услугите, подобрувањето на условите за работа на припадниците на министерството, инвестициите во опрема, обуки и нови технологии и меѓународната соработка. Сепак вели, свесен сум дека пред нас има уште многу работа, бидејќи безбедноста е процес што бара посветеност. Најави, продолжуваме со иста енергија и јасна визија.

Марија Котовска