Андоновски: Од стагнација кон систем што испорачува резултати за граѓаните
Во ерата на вештачката интелигенција, малите јазици немаат право на пасивност. Ако не се инвестирана во македонскиот јазик во дигиталниот простор, ризикуваме тој да биде потиснат од големите јазични модели и глобалните платформи - истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски при отчетот за сработеното изминативе две години.

Во ерата на вештачката интелигенција, малите јазици немаат право на пасивност. Ако не се инвестирана во македонскиот јазик во дигиталниот простор, ризикуваме тој да биде потиснат од големите јазични модели и глобалните платформи - истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски при отчетот за сработеното изминативе две години, колку што постои овој ресор.
Прогресот на дигитализацијата овозможува навремено детектирање и поголема отпорност на сајбер нападите.
Андоновски најавува два големи проекти за дијаспората. Едниот се однесува на роамингот за кој се завршени домашните обврски, се очекуваат суштинските преговори со ЕУ. Вториот проект кој е пред финална фаза е порталот за електронски услуги да биде достапен за дијаспората за да можат да закажуваат за лични документи онаму каде живеат.
Ако пред две години биле поднесени 64.000 барања за услуги во 2026-та се поднесени 340.539. Бројот на корисници од 110.000 се зголемил на 266.000 за истиот период, а бројот на услуги од 120 се зголемил на 352. Месечниот број на издадени услуги од 1.354 се зголемил на 13.445.
Александра Велинова
