Воен конфликт

Киев ги интензивира нападите во Русија

27.06.2026 19:16

Киев ги интензивира нападите во Русија откако Зеленски одобри 40-дневна воена операција за притисок врз Москва. Десетици лица се повредени во украински напад со дронови врз Волгоград, при што е погодена и фабрика.

Во меѓувреме и Украина изложена на нов бран интензивни руски напади, во кои има повредени во повеќе региони.

Зеленски порача дека Киев е подготвен за средби на лидерско ниво и за разговори за ставање крај на војната, но оцени дека првиот чекор кон мирот треба да дојде од Москва. Тој додаде дека украинските предлози веќе се доставени до клучните меѓународни партнери.