Македонија

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите поради висок ризик од пожари

27.06.2026 20:36

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат.

Од 1 јули до 31 август на сила забрана за движење во шуми и шумските подрачја. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат.

Одлуката не значи целосна забрана за граѓаните да влегуваат во шумски предели, туку воведување задолжителна евиденција, појасни директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, мерката е превентивна и има цел да се намали ризикот од појава и ширење на шумски пожари во периодот со високи температури.за непочитувањето на забраната се предвидени парични казни од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.