Битола

Ученичка од Битола со медал од олимпијада по физика во Шведска

28.06.2026 17:49

Сребрениот медал што на нашата земја и го донесе матурантката Искра Нечаковска од Битола е уште една потврда дека имаме и умееме да создаваме квалитетни млади луѓе. Оваа средношколка се натпреваруваше на десетата Европска олимпијада по физика во Гетеборг, Шведска.

Учеството на оваа престижна меѓународна олимпијада е во организација на Друштвото на физичарите на Македонија, а според нив ова е еден од најзначајните успеси на македонски ученици.

На успехот му претходат континуирано учење, практични подготовки и експерименти на Природно-математичкиот факултет, но и поддршка од гимназијата каде што учеше. На свечената церемонија во Гетеборг, медалот на Нечаковска ѝ го врачи шведската министерка за образование и наука, а „дома“ е во очекување за прием во македонското министерство.

Ружица Аџикотарева Ѓоршевска