Аерозагадување

Амбиенталниот воздух загаден и во лето

28.06.2026 18:37

Аерозагадувањето кај нас е проблем во зимските месеци, кога урбаните средини се соочуваат со високи концентрации на ПМ честички. Во летниот период ПМ честичките се во ниски граници, но присутни се други извори и видови на загадување на воздухот.

Минералната прашина, сообраќајот, интензивните градежни активности се доминантни причина за загадување на амбиенталниот воздух во најтоплиот период од годината. Ова е потврдено во лабораторијата „Амбикон“ на УГД каде се испитува воздухот во Кавадарци, Струмица, Струга, Гостивар и Куманово. Летниот воздух е загрозен и од честите пожари на шумите, депониите и стрништата

Летното аерозагадување може да се намали и со навидум ситни мерки како редовно миење на улиците

Зелените површини во градовите имаат клучна улога во подобрувањето на квалитетот на воздухот посебно во летниот период дрвјата ја намалуваат урбаната температура и прашината

Славица Величковска