Заштита од топлотните горештини
Топлотниот бран веќе се чувствува. Граѓаните бараат спас од високите температури. Едни се разладуваат, други во климатизираните простории. Итната помош со зголемен бројот интервенции. Лекарите со апел температурната разлика со надворешната средина да не биде преголема. Експертите за клими советуваат внимателно да се користат уредите.

Топлотниот бран почна. Граѓаните бараат начин да се разладат. Некои веќе се на одмор. Се ладат до езерата, реките, планините. Други во сенка во парковите. Во домовите и работните простории вклучени клима уреди. Препораките на здравствените работници остануваат. Да се излегува само кога е неопходно, особено да внимаваат хронично болните.
„Има зголемен број на повици, особено на јавни места, најчесто работи од колапс на пациенти од високи температури, вртоглавици, гадење, повраќање. Бројката е зголемена над 20 посети, интервенции во една смена, исто и ноќната околу 40 посети во текот на 24 часа“, истакна Владимир Владевски, лекар Итна помош Куманово.
Дел до граѓаните излегуваат порано кога температурите се пониски.
„Само кога мора се движите надвор? Мора да платиме сметки“, истакна граѓанин.
„Повеќе во сенка во овој период“, нагласи друг.
„Како се заштитувате? Еве бегаме рано наутро да завршам работа, после под клими, инаку не се седи“, дополни друга граѓанка.
Експертите потсетуваат големите температурни разлики меѓу внатрешната просторија и надвор, над 10 степени, може да предизвикаат проблеми. Идеална температура за клима уредите нема.
„Температурата ја местиме некаде на 25 степени, не ја местиме никогаш многу ниско затоа што климата нема да може да ја постигне таа температура ќе работи многу долго и ќе дојде до мрзнење на овие надворешни единици, додека за овие што се потешко изолирани објекти тука е уште потешка работата, потрошувачката е уште поголема“, истакна Предраг Додиќ, машински инженер.
За правилно користење на уредите, освен температурата, неопходно е и редовно чистење.
Нечистиот филтер, може да се предизвика респираторни проблеми. Советот е во овој период кога многу поголемо е користењето, да се чисти барем еднаш во месецот.
Елена Георгиевска
