Венецуела

Продолжува потрагата по преживеани во Венецуела, бројот на жртви надмина 1.400

28.06.2026 11:00

Спасувачките екипи, во кои учествуваат и околу 1.600 странски спасувачи, и по три дена од катастрофата успеваат да извлечат преживеани. Од под урнатините се спасени новороденче и неговата мајка, како и 11-годишно момче...

Продолжува потрагата по преживеани во Венецуела, додека бројот на жртви надмина 1.400. Спасувачките екипи, во кои учествуваат и околу 1.600 странски спасувачи, и по три дена од катастрофата успеваат да извлечат преживеани. Од под урнатините се спасени новороденче и неговата мајка, како и 11-годишно момче.

Повеќе од 55 илјади лица и натаму се водат за исчезнати. ООН предупредуваат дека милиони луѓе може да бидат погодени од катастрофата, додека илјадници се сместени во прифатни центри. Во меѓувреме, аеродромот во Каракас повторно е отворен за сообраќај, што треба да го олесни пристапот на хуманитарната помош.

„Слушаме звуци, но не можеме да потврдиме дали е човек или домашно милениче, но мора да направиме сè што е можно и да продолжиме да бараме“, вели спасител од мексиканската армија

„Областа е доста распространета, има многу урнати згради, арматури и ѕидани конструкции и затоа не можеме да знаеме дали има луѓе што пронашле мал простор за преживување или не“, истакна Паоло Филипети, италијански пожарникар.

„Ни недостасува вода за пиење и основни дневни потреби. Имаме пациенти на кои им се потребни лекови. Работите се навистина тешки во моментов“, рече еден граѓанин.