Воен конфликт

Руски напад со балистички ракети врз Киев, има повредени

28.06.2026 11:41

Киев цел на руски напади со балистички ракети, има и повредени-соопштија украинските власти. Во нападот се регистрирани и пожари на неколку локации.

Киев цел на руски напади со балистички ракети, има и повредени-соопштија украинските власти. Во нападот се регистрирани и пожари на неколку локации.

Истовремено, украинските сили возвратија со напад врз нафтена станица, која ја снабдува Москва со гориво. Руските власти тврдат дека одбиле еден од најголемите бранови украински беспилотни летала насочени кон 13 руски региони.

Во меѓувреме, словачкиот премиер Фицо изјави дека земјата нема да се приклучи на нови механизми за финансирање на воена помош за Украина.