Европа се соочува со еден од најекстремните топлотни бранови во својата понова историја
Топлотниот бран предизвикува и нарушувања во сообраќајот, енергетиката и инфраструктурата, додека се очекува температурите дополнително да растат...

Европа продолжува да се соочува со еден од најекстремните топлотни бранови во својата понова историја, при што високите температури над 40 степени се шират кон исток, кон Полска и Романија.
Откако Германија и Италија ги урнаа температурните рекорди, Данска и Словачка регистрираа најтопли денови откако се вршат мерења. Во Велика Британија, Франција и Шпанија се пријавени и жртви поврзани со екстремните горештини, а властите издаваат предупредувања и апели за штедење вода.
Топлотниот бран предизвикува и нарушувања во сообраќајот, енергетиката и инфраструктурата, додека се очекува температурите дополнително да растат.
