ЕБОР започнува информативна кампања за развој и раст на малите и средни компании
Кампањата ќе почне од 25-ти септември и ќе трае до 30-ти месецов, во три различни региони во земјава- Тетово, Битола и Скопје...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе започне нова информативна кампања за вредноста на бизнис советувањето и трансфер на практично знаење за малите и средни претпријатија.
Кампањата ќе почне од 25-ти септември и ќе трае до 30-ти месецов, во три различни региони во земјава- Тетово, Битола и Скопје. Информативната кампања се фокусира на вредноста на знаењето за раст на бизнисот и постигнување комерцијален успех, како и на чекорите како да се дојде до практично знаење на субвенционирана основа со помош од ебор.
Кампањата ќе започне во 25 земји, од Југоисточна и Источна Европа до Северна Африка, Русија и Централна Азија.
Преку 600-ни мали и средни компании имаат добиено советодавна асистенција за поддршка на нивниот раст и отварање на нови работни места.
