Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија
Министерот за транспорт, Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој...

Покрај најавите за построги контроли врз трошењето на јавните средства, вниманието се насочува и кон крупните инфраструктурни проекти во земјата.
Министерот за транспорт, Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој.
Со овој автопат патувањето од Скопје до Атина се намалува до 3.5 часа. Тоа значи многу повеќе бизнис и туристи за цел регион. Автопатот ќе значи побезбеден и побрз сообраќај, подобра поврзаност, поголема конкурентност на стопанството и силен поттик за економскиот развој на Пелагонија, стои во објавата на Николоски
