Азербејџан ја изненади бронзената Јапонија!
Дека нема да има лесни победи, ниту за фаворити, на Светското првенство во одбојка за жени потврдуваат некои резултати од првото коло. Поради големите вложувања, женската одбојка во Азербејџан е во подем, но триумфот од 3:2 против Јапонија, којашто со седум медали е на второто место во мундијалската историја, е сепак големо изненадување. Во истата група Д, Белгија немаше проблеми во трите сета против подмладената Куба којашто некогаш трипати ја освојуваше титулата, додека Кина со 3:0 го совлада Порторико.

Вториот неочекуван триумф е на Доминиканската Република против Германија со 3:2. Во групата А домаќинот Италија која е шампион од 2002-ра, рутински со 3:0 ја одработи обвсрката против Тунис, додека Хрватска со 3:1 славеше против Аргентина.
Во конкуренцијата Ц, триумфи во четири сета на фаворитите, на олимпискиот првак Бразил којшто никогаш не бил светски шампион против Бугарија, на Србија во дуелот со Турција и на Канада против Камерун.
Мирно стартуваше и сегменот Д. Во минимум сетови, Ххоландија беше подобра од Казахстан, двојниот и актуелен шампион, Русија беше поуспешна од Тајланд, додека Американките загубија сет во победата против Мексико.
Како и машкиот и женскиот одбојкарски мундијал ќе се одигра во три фази по групи. Преносите на Македонската телевизија ќе стартуваат в недела со последното коло од првиот круг којшто со пренесени бодови ќе го минат по четири репрезентации од секоја група.