Сали: Шест министерства за „Влен“ по владината реконструкција
Култура, правда и Министерството за односи меѓу заедниците по владината реконструкција добиваат нови министри, кадар на „Влен“. Актуелните во ресорите евроинтеграции, животна средина и економија ќе останат на позициите оти партијата е задоволна од нивното работење, објави вицепремиерот и министер Беким Сали.

Култура, правда и Министерството за односи меѓу заедниците по владината реконструкција добиваат нови министри, кадар на „Влен“.
Актуелните во ресорите евроинтеграции, животна средина и економија ќе останат на позициите оти партијата е задоволна од нивното работење, објави вицепремиерот и министер Беким Сали. Здравството со кое досега раководеше Азир Алиу не е дел од пакетот, вели Сали, кој не открива кои се новите имиња кои ќе седнат во фотелјите на Љутков, Филков и Стоилковиќ.
Знам ќе раководи со две министерски места, но првиот човек на партијата, Максим Димитриевски не открива повеќе детали. Тврди оти по преговорите ќе добијат уште поголема одговорност во владата. За односот во владината коалиција, Димитриевски тврди оти никогаш не била постабилна.
Викторија Милевска
