Измените на Изборниот законик во собраниска процедура
Според документот, предлог-измените треба да ги затворат правните празнини, да ја зголемат ефикасноста во процесот и да обезбедат потранспарентни избори. Една изборна единица засега не е правна реалност.

Предлог-измените на Изборниот законик влегуваат во собраниска процедура, по скратена постапка. Еден клик наместо гласачко ливче за дијаспората, една од клучните измени во предлогот.
Според документот, предлог-измените треба да ги затворат правните празнини, да ја зголемат ефикасноста во процесот и да обезбедат потранспарентни избори. Една изборна единица засега не е правна реалност.
Во законодавниот дом денеска набиена агенда. На Комисијата за политички систем, треба да се разгледаат преостанатите 30 амандмани на Предлог-законот за правична застапеност.
Покрај комисиските седници, на агендата и уште три пленарки на кои се закони од реформската агенда.
