Бројот на жртви расте, потрагата продолжува
Во земјата пристигнуваат дополнителни меѓународни спасувачки тимови, волонтери доставуваат храна, вода, лекови и облека за над 12 илјади раселени. Катастрофата дополнително ги продлабочи последиците од долгогодишната економска и политичка криза, особено врз преоптоварениот здравствен систем.

Спасувачките екипи во Венецуела и натаму трагаат по преживеани, додека бројот на жртвите расте. Во неизвесност за судбината на илјадници исчезнати, од урнатините досега се спасени десетици луѓе.
„Никогаш не ја изгубивме надежта. Продолжуваме да копаме. Комуницираме со три лица кои се таму долу. Не знам дали има уште луѓе, но телата на нашите роднини не се пронајдени, па сè уште се надеваме дека се живи“, изјави Џејсон Маркано, роднина на исчезнат во земјотресот.
Во земјата пристигнуваат дополнителни меѓународни спасувачки тимови, волонтери доставуваат храна, вода, лекови и облека за над 12 илјади раселени. Катастрофата дополнително ги продлабочи последиците од долгогодишната економска и политичка криза, особено врз преоптоварениот здравствен систем.
„Иако повеќето пациенти се стабилни, имаме случаи на хипергликемија и тешка хипертензија поради недостаток на лекови“, изјави Лури Салас, докторка.
В.д. претседателката Делси Родригез најави формирање комисија за процена на штетата.
