Блиски Исток

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори

29.06.2026 10:18

Вашингтон тврди дека бродовите слободно се движат низ протокот, додека Иран инсистира на задржување на контрола врз него.

Прекин на огнот на хартија, тензии без прекин меѓу САД и Иран. И покрај размената на оган и меѓусебните обвинувања и закани викендов, двете земји се согласиле да ги прекинат нападите и утре во Доха техничките тимови да ги продолжат разговорите, вклучително и за Ормускиот теснец-објави „Аксиос“. Вашингтон тврди дека бродовите слободно се движат низ протокот, додека Иран инсистира на задржување на контрола врз него.

„Според Меморандумот за разбирање, Ормускиот теснец – под управување што ќе го преземе Иран – ќе се врати на својот предвоен капацитет во рок од 30 дена, откако ќе ги отстраниме пречките. Овие аранжмани моментално се усвојуваат и се спроведуваат, а одговорноста за овие аранжмани е на Иран“, изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.

Техеран бара и повлекување на израелските сили од Либан како дел од договорот, додека Тел Авив вели дека тоа ќе се случи по разоружување на Хезболах.