Влада

Разговори меѓу партнерите за реконструкцијата

29.06.2026 09:04

Според информации на МТВ, потврдено е она што претходно го изјави вицепремиерот Беким Сали. Како предлог за нов министер за правда се споменува Јетон Шасивари, правник по професија, а на министерската фотелја во култура седнува актуелниот заменик, Седат Сулејмани.

Вчера, доцна попладне се одржала уште една средба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ за владината реконструкција.

Според информации на МТВ, потврдено е она што претходно го изјави вицепремиерот Беким Сали. Како предлог за нов министер за правда се споменува Јетон Шасивари, правник по професија, а на министерската фотелја во култура седнува актуелниот заменик, Седат Сулејмани.

Се очекува премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да има средба и со лидерот на ЗНАМ, Димитриевски и конечно да се расчисти дилемата со колку ресори ќе раководи ЗНАМ.

Се очекува премиерот, предлогот да го достави до Собранието во среда.