Собрание

Денеска седници на четири комисии во Собрание

29.06.2026 09:52

Денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем, за прашања на изборите и именувањата, за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија.

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем, за прашања на изборите и именувањата, за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за политички систем ќе го разгледува Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање. Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе одлучува за неколку предлог-одлуки, меѓу кои и за именување заменик на генералниот секретар на Собранието.

Пред Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, додека Законодавно-правната комисија ќе расправа за измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување.