СП 2026

Меси со шест гола е прв стрелец по групната фаза

29.06.2026 09:42

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, е најдобар стрелец по групната фаза на Светското првенство 2026. Со шест постигнати голови, 39-годишниот ас ја предводи листата на голгетери и испиша нова страница во историјата на мундијалите.

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, ја заврши групната фаза на Светското првенство 2026 како најдобар стрелец со шест постигнати голови во три натпревари.

Меси постигна хет-трик во победата над Алжир (3:0), два гола против Австрија (2:0) и уште еден во триумфот над Јордан (3:1). Со овие погодоци, аргентинскиот капитен стана и најдобар стрелец во историјата на Светските првенства со вкупно 19 гола.

Второто место на листата на стрелци го делат четворица фудбалери со по четири погодоци – Ерлинг Халанд, Винисиус Жуниор, Усман Дембеле и Килијан Мбапе.

По три гола во групната фаза постигнаа десетмина фудбалери, меѓу кои Хари Кејн, Џонатан Дејвид, Матеус Куња и Исмаила Сар.

Натпреварите од осминафиналето на Светското првенство 2026 ќе се играат од 28 јуни до 4 јули, кога ќе продолжи битката за светската титула, но и за признанието најдобар стрелец на шампионатот.