Кошарка

Француските клубови сигурни, вечерва продолжуваат борбите за место во Евролига

24.09.2014 12:48

Синоќа се одиграа два натпревара од првата рунда квалификации за пласман во кошаркарската Евролига, во кои француските претставници славеа убедливи победи. Најпрвин Стразбур го делкасира летонски ВЕФ Рига со 82 : 53, кој беше минатогодишниот ривал на МЗТ Скопје во ФИБА Еврокуп настапите. Во вториот меч Асвел Вилербан беше поуспешен од домаќинот на турнирот Остенде со 86 : 77, и се избори за француска полуфинална пресметка.

Вечерва се играат уште два меча, по кои ќе се формира второто полуфинале. Најпрвин Хапоел Ерусалим се соочува со Нимбург, а потоа уште еден од минатогодишните ривали на МЗТ Скопје во Еврокупот Уникс Казан ќе игра со Зиелона Гора. Според форматот само победникот на турнирот ќе обезбеди место во елитната конкуренција, во која во првата групна фаза ќе настапат 24 европски клубови.