Македонија

Стоилковиќ се збогува со функцијата

29.06.2026 14:32

Министерот за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ, рече дека буџетот на институцијата бил намален за трипати, сите програми биле реализирани, што според Стоилковиќ, покажува дека се скратени средствата кои претходно биле користени „коруптивни“ и ненаменски трошења.

Министерот за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ, пред извесносното заминување од фотелјата наведе две работи, кои според него го промениле ресорот што го предводи.

Тој рече дека буџетот на институцијата бил намален за трипати, сите програми биле реализирани, што според Стоилковиќ, покажува дека се скратени средствата кои претходно биле користени „коруптивни“ и ненаменски трошења. Втората работа, според него, е ставањето крај на принципот „седи дома и земај плата“.

Стоилковиќ, тврди дека 1.500 лица земале пари од граѓаните, а не оделе на работа.