ИН МЕМОРИАМ

Почина режисерот Сашо Миленковски

29.06.2026 12:51

Тој во текот на својата богата кариера режираше повеќе од педесет претстави во Македонија и во странство, афирмираше современи македонски драмски автори и создаде сценски дела што ќе останат дел од македонското театарско наследство, посочуваат од Драмскиот театар.

На 62-годишна возраст почина режисерот Сашо Миленковски – еден од најистакнатите театарски творци, кој зад себе остави силен и препознатлив белег на театарска сцена, како и дела со трајна вредност.

Тој во текот на својата богата кариера режираше повеќе од педесет претстави во Македонија и во странство, афирмираше современи македонски драмски автори и создаде сценски дела што ќе останат дел од македонското театарско наследство, посочуваат од Драмскиот театар.

Меѓу неговите најзначајни остварувања e праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски во Битолскиот Народен театар, која освои четири награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“, a беше изведена и на „Охридско Лето“ и „Млад отворен театар“. Тој од овој фестивал доби и награда за животно дело.

Миленковски од 2006 до 2010 година беше директор на Македонскиот народен театар, а потоа драматург во Драмски.