Одбојка

Фаворитите максимално

24.09.2014 13:04

Вториот ден од светското првенство за одбојкарки во Италија почна со максимални победи на фаворитите. Во натпреварот во кој се очекуваше поголема резултатска неизвесност Кина го совлада Азербејџан со 3:0. Доминиканската Република на крилјата на вчерашната резултатска драма против Германија, претпладнето лесно ја извојува и втората победа совладувајќи го Тунис со 3:0. Лесно до бодовите стигнаа и САД во мечот со Казахстан и Турција против Канада.

Вториот ден од светското првенство за одбојкарки во Италија почна со максимални победи на фаворитите. Во натпреварот во кој се очекуваше поголема резултатска неизвесност Кина го совлада Азербејџан со 3:0. Доминиканската Република на крилјата на вчерашната резултатска драма против Германија, претпладнето лесно ја извојува и втората победа совладувајќи го Тунис со 3:0. Лесно до бодовите стигнаа и САД во мечот со Казахстан и Турција против Канада. Следните  натпреварувачки сеанси се во термините од 17 и 20 часот. Вниманието го привлекуваат дуелите Белгија-Јапонија, Хрватска –Италија и Србија-Бугарија.

Втор ден-резултати:

„А“ група: Доминиканска Република-Тунис 3:0

„Б“ група: Турција-Канада  3:0

„Ц“ група: САД-Казахстан  3:0

„Д“ група: Кина-Азербејџан 3:0

17.00 часот:

„А“ група: Германија-Аргентина

„Б“ група: Камерун-Бразил

„Ц“ група: Русија-Мексико

„Д“ група: Белгија- Јапонија

20.00 часот:

„А“ група: Хрватска-Италија

„Б“ група: Србија-Бугарија

„Ц“ група: Тајланд-Холандија

„Д“ група: Порторико-Куба