Дигитализација на културното наследство
Во рамките на проектот за дигитализација....
Во рамките на проектот за дигитализација на аудиовизуелното културно наследство, со поддршка на Министерството за култура, заврши реставрацијата на документарниот филм „Македонија во слики“ од Арсениј Јовков, снимен во 1923 година, чија промоција во двд-формат е планирана во почетокот на наредната година. Реализацијата на овој проект претставува дел од активностите, во Стратегијата на министерството за култура, за дигитализација на богатото аудиовизуелно наследство, започнати во 2011 година, кога беше дигитализиран филмскиот опус на Столе Попов, а во 2012 година, беше промоврано и двд-издание со неговите дигитално реставрирани филмови. Во текот на минатата година беше дигитализиран и дигитално реставриран, целокупниот филмски опус, снимен од браќата Манаки, а оваа, 2013 година, беше промовирано двд-издание со нивното филмско творештво. Процесот на дигитализација ќе продолжи и во 2014 година, кога е планирана дигитализацијата и дигиталната реставрација на играните филмски остварувања, на значајни режисерски имиња од домашната кинематографија .
Свето Николовски