ЕУ ќе бара отпечатоци од прсти ако планирате престој подолг од 90 дена
24.09.2014 13:12
Од ЕУ велат дека ова е дел од модерниот визен информативен систем за подобрување на безбедноста...

Македонските граѓани кои ќе бараат престој во некоја од земјите членки на ЕУ подолг од 90 дена, освен редовните формулари од утре ќе треба да остават и отпечатоци од прстите.
Оние што престојуваат со виза за подолг период, како студенти или вработени, нема потреба да се враќаат за да ги исполнат овие барања по стапувањето на оваа регулатуваво сила. Сепак, при обновувањето на визата и тие ќе треба да остават отпечатоци.
Освен за македонските државјани, регулативата ќе се применува и за Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и за Србија.
Од Европската унија потенцираат дека ова е дел од модерниот визен информативен систем за подобрување на безбедноста и борбата против прекуграничниот криминал.
