Стандард

Мицкоски проверува 600 до 700 производи - најавува мерки за пониски цени

29.06.2026 16:25

Потрошувачката кошничка и цените во маркетите под лупа. Премиерот Мицкоски вели дека е лично ангажиран во идентификувањето на 600 до 700 производи, кои влегуваат во пресметката. Власта уверува – Македонија има најевтина потрошувачка кошничка, но тоа не е доволно и ќе има мерки за пониски цени.

Основната потрошувачка кошничка во Македонија е најевтина во Европа, покажуваат најновите податоци на Евростат. И покрај тоа, премиерот Мицкоски рече дека се потребни промени. Тој лично работел на анализа на цените на производите кои влегуваат во пресметка.

Владата детално анализира околу 600 до 700 производи што се вклучени во статистичките пресметки, за да се утврди каде има простор за дополнително намалување на цените. Со расплетот на кризата на Блискиот исток, состојбата полека се стабилизира, па од Сојузот на стопански комори очекуваат ублажување на ценовниот притисок.

Власта претходно одржа средба со претставници на најголемите синџири на маркети, на која беше поставена цел, годишната стапка на раст на цените на храната во јули да биде под три проценти.

Од Владата најавија и разговори со производителите и дистрибутерите за дополнително намалување на ценовниот притисок.

Борис Грујоски