Последно збогум за Владо Јаневски утре пред арената „Борис Трајковски“
Во чест на македонската музичка легенда Владо Јаневски, утре во 20 часот на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир на кој граѓаните ќе имаат можност за последен пат да му оддадат почит...

Во чест на македонската музичка легенда Владо Јаневски, утре во 20 часот на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир на кој граѓаните ќе имаат можност за последен пат да му оддадат почит.
„Утре, во 20:00 часот, на платото пред арена Борис Трајковски ќе се собереме за последен пат да му оддадеме почит на Владо Јаневски.
Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ’благодарам‘, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат.
Ги повикуваме сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика да ни се придружат.
Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со тишина. Со љубов.
Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ“, објавија од Прагма продукција.
