Се очекуваат конечните одлуки за владината реконструкција
Постигнат е начелен договор за распределбата на ресорите, персоналните решенија ќе се објават денеска по последните коалициски консултации и седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, додека власта најавува чистки во вториот и третиот ешалон, опозицијата критикува...

Реконструкцијата на владата во завршна фаза. Постигнат е начелен договор за распределбата на ресорите, персоналните решенија ќе се објават денеска по последните коалициски консултации и седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, додека власта најавува чистки во вториот и третиот ешалон, опозицијата критикува.
Вечерва по седницата на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат познати деталите од реконструкцијата на Владата. Премиерот Христијан Мицкоски вчера одби да одговори за кои имиња и ресори се работи упатувајќи дека денес по 20 часот јавноста ќе биде запознаена со деталите.
