Институтот „Конфуциј“- јазичен и културен мост меѓу Македонија и Кина

24.09.2014 13:45

Амбасадорот на Кина во Македонија Џеншун Вен во своето обраќање потсети дека институтот „Конфуциј“ досега во 120 земји има отворено вкупно 440 институти...

Институтот „Конфуциј“ што работи во рамките на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ја одбележува годишнината од постоењето.

Амбасадорот на Кина во Македонија Џеншун Вен во своето обраќање потсети дека  институтот „Конфуциј“ досега во 120 земји има отворено вкупно 440 институти.

„Овие институти ја промовираат кинеската култура и цивилизација. Веќе 30 години Кина брзо економски се развива и раширува насекаде низ светот. Мене ми е многу драго што македонските граѓани имаат се поголем интерес за кинеската култура. Затоа им се заблагодарувам на ректорот, директорите на Институтот и вработените, како и на сите волонтери кои помагаа во успешноста на Институтот“, истакна Вен.

Нагласи дека за соработка на две држави потребно е да се познаваат јазикот и нивните култури, а  Институтот, како што рече, е тој мост кој ќе ги поврзе Македонија и Кина.