САД и Иран на преговори во Доха
На маса се деталите за пловидбата низ Ормускиот теснец, ослободувањето од санкции за Иран и иднината на иранските залихи на високо збогатен ураниум.

По викенд нападите, ирански и американски преговарачи, во Доха, на нов состанок по потпишувањето на меморандумот за крај на војната. Она што претстои се технички разговори, а медијаторите Пакистан, заедно со Катар, велат дека дебата продолжува денеска.
На маса се деталите за пловидбата низ Ормускиот теснец, ослободувањето од санкции за Иран и иднината на иранските залихи на високо збогатен ураниум.
„Ние се справуваме многу добро на тој фронт. Но, состанокот во Доха можеби ќе биде важен, можеби не. Ќе откриеме, секако победуваме воено. Речиси е воено добиено, би рекол, навистина е многу едноставно. Тоа е денуклеаризација на Иран. Не сакаме да имаат нуклеарно оружје, а тие нема да имаат, се согласија на тоа“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Вашингтон и Техеран имаат рок приближно до средината на август за да постигнат траен мировен договор, вклучувајќи договор за спорната нуклеарна програма.
